Во оваа Балканска земја масовно се бараат готвачи: Плата над 4.500 евра? Прашина се крена околу една реклама

Како ви се допаѓа оваа понуда?

Годинава, во пресрет на летната сезона, речиси сите во Хрватска бараат работници - особено на брегот.

Угостителите честопати ветуваат нереални услови или нудат огромни плати за да привлечат работна сила, но според тамошните медиуми - се издвоил еден оглас за вработување.

Имено, на ФБ групата 'Барам - Нудам работа - Хрватска и ЕУ' една корисничка го објави следново: бара двајца готвачи и им нуди плата од 35.000 куни или околу 4.650 евра. 

Како што таа понатаму напиша - се работи за работа од 8 до 10 часот, а обезбедено е сместување и оброк во ресторанот. Типот на кујна е медитеранска, а има и јапонска.

Некои корисници на мрежата не беа „благи“ во коментарите, но оваа газдарица не им остана должена. Меѓу другото пишувало „Колку заработуваш ако толку плата даваш?“.

„Видете, непотребно се натпреварувате со коментари, јас објавив оглас, а вие што? Во што се натпреварувате? Не разбирам што е проблемот со луѓето, зошто воопшто коментирате? Ако сте изгорени од понуди и работодавци зошто не се соберете убаво некаде и не се изнакажете, туку џабе ми плукате по огласот?“.

Коментарот на г-ѓата доби повеќе од 100 длајкови.


Фото: unsplash/Фесјбук