Во оваа кафуле се служи најскапото кафе во светот: Клиентите плачат за вкусот

Една шолја кафе чини 1.500 долари? Во кафулето Brew Lab кое се наоѓа во Сиднеј, можете да го нарачате најскапото кафе на светот. За шолја едно од кафињата од нивното мени потребно е да се издвојат 1500 долари или околу 935 евра.

За почеток, кафето треба да се нарача две недели однапред за зрната кафе од Панама да пристигнат навреме во Австралија. Тие се одгледувани и печени на падините на вулканот во Сила Де Пандо, кој се наоѓа во близина на границата на Панама и Костарика, на 1700 метри надморска височина.

View this post on Instagram

A post shared by Brew Lab Cafe (@thebrewlabcafe)


Сопственикот на кафулето изјави дека вкусот на кафето е многу уникатен, а добил оценка повеќе од 90 од Specialty Coffee Association, што го прави едно од најдобро оценетите во светот. „Извонредно кафе кое ги расплакува луѓето од неговата величественост“, вели сопственикот на кафулето.

View this post on Instagram

A post shared by Brew Lab Cafe (@thebrewlabcafe)


Кафето рачно се истура во шолјата, а потоа врз кафето полека и постепено се додава топла вода загреана на 94 степени за да не се расипе вкусот. Дури после овој долг процес кафето му се служи на гостинот.

Според Brew Lab Cafe досега само двајца клиенти нарачале кафе.


Фото и Видео: Инстаграм