Постои град на Алјаска во кој сите жители живеат во една зграда.
Витиер е мал град на Алјаска, прилично изолиран од остатокот од светот, а до него може да се дојде со траект или преку 4 километри долг тунел. Градот има само 200 жители и една станбена зграда од 14 ката. Тоа е поранешна касарна. Во склоп на споменатите 14 ката не се сместени само станови, туку и пошта, болница, полиција, училиште и градската управа. Одењето на работа, за многумина значи користење единсвено на лифтот како превозно средство.
Станува збор за зградата наречена Begich Towers, која е изградена во 1974 година за време на Студената војна.
Фото и Видео: Youtube