Во Сараево се обрати другарот ТИТО на дочекот: Публиката врескаше од воодушевување ВИДЕО
Прославата на Новата година во Сараево беше вистински спектакл, а жителите на Босна и Херцеговина 2024 година ја дочекаа со Црвена јабука, Забрането пушење, Бомбај прес, но и со специјален „гостин“, Маршал Тито.
Покрај одличната атмосфера, овој дочек ќе остане запаметен и по интересен скеч, пишува N1.
Имено, поранешниот претседател на Југославија и лидер на КПЈ, Јосип Броз Тито, на новогодишната ноќ на присутните во Сараево им се „обрати“ на интересен начин, а се претпоставува дека пораката е генерирана со помош на вештачка интелигенција.
По настапот на Бомбај прес, на сцената излегоа водителките на новогодишната програма Зенит и Аида и „разговараа со другиот Тито“, а во еден момент публиката врескаше од воодушевување.
Во скечот Тито раскажал и анегдота од познатата новогодишна ноќ кога, како што наведува, Софија Лорен и Елизабет Тејлор го испратиле славниот холивудски актер Ричард Бартон, кој го глумеше Тито во филмот Битката за Сутјеска, „да земе ќебапи“.
@adfood2 Josip Broz Tito se na zanimljiv način obratio sarajevskoj publici u novogodišnjoj večeri #newyear #newyearseve #welcome2024 #sarajevo #bosnia #bosniaandherzegovina #balkan #fyp #foryou #viral #yugoslavia #serbia #croatia ♬ original sound - ADFood