Во село, а таму е целиот раскош на Новак Ѓоковиќ
Според реномираниот „Форбс“ богатството на светскиот тениски рекет број 1- Новак Ѓоковиќ се проценува на неверојатни 200 милиони долари. Тука е пресметан и имотот кој го поседува, луксузните станови и куќи во Монте Карло, Њујорк, Мајами, Белград, Тиват, а исто така поседува и прекрасна вила во срцето на Срем, на бреговите на езерото Павловац.
Е токму таа вила кои многумина ја нарекуваат дворец, на семејството на Ѓоковиќ намногу им е драга.
Вилата не остава текст само заради својата големина, туку и директинот пристап до Павловачкото Езеро. Распослана е на 1.200 квадратни метри, има 5 спални соби, неколку бањи, внатрешен базен... Се уште не е завршена со градба.
Оазата за мир на Ѓоковиќ се наоѓа во живописното село, на падините на Фрушка гора, помеѓу Ириг и Рума. За семејството беше исклучително важно да изградат викенд куќа во природа, па затоа избраа зеленило скриено од очите на јавноста.
Таткото на Новак, Срѓан, беше најголем иницијатор за изградба на вилата која пред извесно време беше делумно уништена од мигранти.
Ноле во една прилика рече дека тоа ќе му биде куќата за неговите пензионерски денови.