Во својот двор пронашле закопан сеф полн пари и злато: Се шокирале кога откриле на кого припаѓа

Детскиот сон за пронајдок на скриено богатство се исполнил за еден пар од Њујорк кога во градината на нивната куќа пронашле метален сеф полн со злато, дијаманти и банкноти.

Се испоставило дека вкупно 52.000 долари што ги пронашле закопани, всушност им припаѓале на нивните соседи кои биле ограбени пред десет години.

Метју и Марија Емануел го нашле богатството во дворот кога ангажирале работници да им засадат нови дрвја. Дотогаш, тие живееле во куќата четири години, целосно несвесни за тоа што крие нивната градина.

Кога елените ги изеле остатоците од старите дрвја, виделе метална кутија. „Не знаевме дека е сеф, само помисливме дека има некои електрични жици внатре“, објасни Метју.

Работниците ја извадиле кутијата, а внатре била пронајдена неверојатна содржина: десетици прстени, вклучувајќи веренички прстени, злато, банкноти од 100 американски долари и полускапоцени камења.

„Тоа беше неверојатно. Внатре имаше хартија со адреса однашите соседи. Тропнав на нивната врата и ги прашав дали некој ги ограбил, а тие рекоа да. Дамата беше во шок“, рече Метју. Полицискиот службеник по грабежот и рекол дека никогаш нема да ги види своите работи.

Полицијата извести дека кражбата се случила во 2011 година и дека сефот бил украден. Соседите кои не сакаа зборуваат пред камерите изјавија дека се изненадени и благодарни.

Мери рече дека многу луѓе ја прашале дали ќе го врати пронајденото богатство, но таа не се двоумеше. „Секако, работите не се наши“, рече таа.


Фото и Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира:

Среќа: Купиле куќа за 130 илјади евра, во неа пронашле богатство вредно 650 илјади евра