Во тајните архиви на Ватикан е пронајдена книга стара 900 години која ја предвидува годината на судниот ден!? Сите кои го допреле мистериозниот ракопис се прашуваат дали ФРАНЦИСК е ПОСЛЕДНИОТ ПАПА

Во тајните архиви на Ватикан, наводно, е пронајдена книга стара 900 години, која ја предвидува годината на Судниот ден - моментот кога, според христијанското верување, Исус доаѓа на Земјата за да суди кој ќе биде спасен, а кој ќе биде осуден. Според овој древен текст, судниот ден доаѓа во 2027 година.

Автор на овој мистериозен ракопис од Ватикан е Свети Малахија, ирски архиепископ од 12 век, познат по своите религиозни реформи. Тој напиша дело наречено „Пророштвото на папите“, кое содржи низа енигматични латински фрази за кои се верува дека го опишуваат секој иден папа, почнувајќи од Селестин II во 1143 година, па сè до сегашниот поглавар на Католичката црква - папата Франциск.

Оваа книга првпат била откриена во 1595 година од Арнолд Вион, бенедиктински монах, кој тврдел дека ги нашол списите на Малахија во тајните архиви на Ватикан. Последниот став од овој текст вели:

„Во последното прогонство на Светата римска црква ќе владее Петар Римјанин, кој ќе го храни своето стадо среде многу неволји, по што градот на седумте ридови ќе биде уништен и страшниот Судија ќе им суди на луѓето. Крајот.”

Дали папата Франциск е последниот папа?

Едно толкување на ова пророштво сугерира дека Петар Римјанин ќе ја преземе папската функција доколку папата Фрањо се повлече поради неговите здравствени проблеми. Папата Франциск, кој има 88 години, веќе некое време се бори со сериозни респираторни проблеми, а неодамна помина повеќе од две недели во болница.

Друго толкување, пак, вели дека папата Франциск е всушност последниот папа во историјата, што дополнително се потврдува со изјавата на папата Сикст V во 1585 година: „Оската во средината на знакот“. Оваа фраза е интригантна затоа што Сикст V стана папа точно 442 години по првиот папа, а ако беше во средината на пророштвото на Малахија, крајот може да се случи 442 години подоцна - или во 2027 година.

Колку е точно пророштвото?

Фразите на Малахија биле предмет на различни толкувања низ вековите. Неговото пророштво содржи 112 кратки описи, а до 1590 година фразите биле исклучително прецизни и поврзани со папите на специфичен начин. По тој период, описите стануваат понејасни, но некои се сè уште неверојатно точни:

„Gloria Olivae“ (Слава на маслинката) - се смета дека ова се однесува на папата Бенедикт XVI, бидејќи Редот на Свети Бенедикт е познат и како Оливетани.

„Lilium et rosa“ (Лили и роза) – Овој опис е поврзан со папата Урбан VIII (1623–1644), бидејќи грбот на неговото семејство содржел симболи на лилјани и рози.

„De labore Solis“ (Од затемнувањето на Сонцето) - Ова се толкува како упатување на папата Јован Павле Втори, кој е роден за време на затемнување на Сонцето и беше папа од 1978 до 2005 година.

„Peregrinus apostolicus“ (Апостолски патник) – Многумина веруваат дека ова се однесува на папата Павле VI (1963–1978), кој е познат по неговите бројни патувања во други земји.

Дали доаѓа Судниот ден?

Според последниот запис, последниот папа ќе ја води црквата во време на големи неволји, кои ќе кулминираат со уништување на Рим и крајот на папството. Оваа теорија неодамна повторно стана популарна, особено поради актуелните глобални кризи.

Зголемените тензии меѓу САД и Кина, војната во Украина и нестабилноста на Блискиот Исток наведоа многу луѓе да веруваат дека пророштвото навистина се остварува. Покрај тоа, се повеќе и повеќе земји, наводно, започнуваат нови програми за развој на нуклеарно оружје, што дополнително ги поттикнува стравувањата од претстојниот апокалиптичен конфликт.

Оваа тема беше централна за документарниот филм објавен во 2024 година, како и на подкастот „Sunday Cool“, каде водителот Џош Хупер го нагласи зголемениот број луѓе кои веруваат во пророштвото на Малахија.

Ова секако не е единствениот текст кој го предвидува крајот на светот. Книгата на Откровението, напишана кон крајот на првиот век од нашата ера, исто така често се толкува како опис на апокалипсата, а некои веруваат дека всушност предвидува нуклеарни експлозии, дронови, авиони, па дури и роботи.

(Дејли мејл)