Во заштитни одела го чистат „сандачето на Бог“
Двапати годишно, екипите за чистење со долги стапови извлекуваат десетици илјади молитви што посетителите традиционално ги оставаат во пукнатините на Ѕидот на плачот во Ерусалим.
Неодамна имаше пролетно чистење, но овој пат беше спроведено со зголемени мерки на претпазливост поради пандемијата.
Работниците во заштитни костуми и маски за гас го испрскаа стариот камен со средства за дезинфекција, додека други, облечени со ракавици со стапови, ги извадија хартиените пораки оставени во таа „сандачето на Бог“.
Полицијата го спречи еден верник, кој се приближуваше до ѕидот и го бакна, еден ден откако Израел ги заостри ограничувањата на молитвите во јавноста.
Рабинот на Ѕидот на плачот, Шмуел Рабиновиќ, кој се грижи за тие молитви и се грижи дека секогаш ќе има простор за повеќе, се молеше за спасение „од тој непријатен вирус што го нападна светот“.
Ливчињата со молитви од народот инаку се ставаат во вреќи и се носат на Маслиновата гора.
Недалеку од Ѕидот на плачот, била дезинфицирана и џамијата на Ал-Акса.