Водителките од соседството читаат вести топлес: Од како тие го водат дневникот, гледаноста значително се зголеми
Бидејќи албанската телевизија „Zjarr“ презентираше топлес презентери во својата програма, нивниот рејтинг, го пофали сопственикот Исмет Дристи,кој се зголеми за неверојатни 300 проценти.
Имено, заштитните лица на споменатиот ТВ канал се атрактивни девојки кои ги читаат вечерните вести, во ударно време, само во сако - секако, тие не носат градници под нив, пренесува Cdm.me.
- Ние не продаваме секс, ние ги репродуцираме вестите онакви кави што се - рече Дристи.
На една од „голите презентерки“, Greti Hokshaj, ангажманот во телевизијата и донесе слава што не можеше ни да си ја замисли.
- Работев напорно пет години на локалната телевизија, но останав потполно незабележана ... Еве, во рок од три месеци, станав ѕвезда. Не жалам за ништо - рече таа.
Таа повеќе не обрнува внимание на негативните реакции на прилично конзервативната албанска средина.
- Станав позната затоа што бев храбра, се осмелив и успеав - заклучи таа.