Водопад тече нагоре и уште неколку чуда на Земјата кои им се спротивставуваат на законите на физиката и здравиот разум

Бидејќи интернетот е достапен, имаме можност да видиме многу необични места околу планетата и да гледаме од ден на ден колку е неверојатна и совршена нашата природа.

Ви претставуваме четири необични феномени што дефинитивно им се спротивставуваат на сите закони на физиката. Некои би рекле дека му се спротивставуваат на здравиот разум!

Златен камен во Мјанмар

Чаитјо Пагода или Златен камен е гранитна мини карпа со тежина од неколку тони, што успешно балансира на самиот раб на бездната, а кога ветрот ќе дува се движи. Веќе2.500 години изгледа дека ќе падне, но иако не е приврзан за ништо, тој се одржува на работ. Бидејќи овој необичен огромен камен му пркоси на законот за гравитација, мештаните го сметаат за посебен и затоа го покрија со злато. Денес е една од најголемите атракции во Мјанмар.

Патот во Ерменија

Патот до планината Арагатс во Ерменија е познат како аномалија на гравитацијата. Локалната река тече под агол од 20 степени, водата не тече надолу, туку нагоре. Автомобилот на патот без возач се искачува на самата планина. Тешко е да се поверува, но на некои места автомобилот дури забрзува.

Водопад наопаку

Водопадот на Ваипуџа на Хаваите е вистинско чудо, затоа што водата не паѓа надолу, туку тече нагоре! Како и да е, мистеријата е решена со текот на времето - ветровите што дуваат на ова место, дуваат толку силно и во таква насока што ја туркаат целата вода во воздухот, не дозволувајќи и да паѓа природно.