Колин Фурце, поранешен водоводџија има направено уред во форма на велосипед, кој може да лета.
Фурце го има конструирано уредот во неговата куќа, по што изумот е тестиран и тестирањето беше успешно. Велосипедот што лета беше на насловните страници на многу списанија, и е поддржан од многу познати личности. Ова е прв уред од овој тип. Фурце нема инженеринг квалификации или искуство во летање, но сите беа импресионирани од создавањето на изумот
„Конечно, мојата луда идеја е реализирана во реалноста, но тоа покажува дека нови работи може да доведат до неверојатни резултати“ - вели Фурце.
Ова не му е прв изум, тој и преходно со иновации влегол во Гинисовата книга на рекорди.