Војната за освојување на Донбас трае со векови: Економски најбогатиот регион во Украина

Донецкиј басен или Донбас е „јагленоносна“ област во Украина каде порано била море. Зборот Донбас често се користи во историскиот, културниот и економскиот спектар, во кој имаше многу силно влијание за време на Руската империја, Советскиот Сојуз и денес Украина.

Првиот град во регионот на Донбас бил Славјанск, основан во 1676 година. Во 1721 година биле пронајдени многу рудни наоѓалишта, а со тоа започнал и големиот економски развој на областа. За време на Октомвриската револуција и Граѓанската војна, тука се водеа големи битки меѓу руското движење и болшевиците. Областа исто така била цел на Хитлер и нацистите за време на Втората светска војна, пред се поради енергијата и рудите за воената машинерија.

По соборувањето на Владата и претседателот во 2014 година на таканаречениот Евромајдан, Донбас (региони Доњецк и Луганск) прогласи независност како новоформирана држава Нова Русија. Како последица на тоа, војната во Донбас трае и денес.

Денес, населението на Донбас е главно од руска националност и силен електорат од проруски политичари во Украина.Тоа е економски најбогатиот регион во Украина.