Вонбрачниот син на Арнолд Шварценегер: Едноставно не сакам да го носам неговото презиме

Вонбрачниот син на Арнолд Шварценегер, Џозеф Баена, отворено проговори за денот кога светот откри дека славниот бодибилдер е негов татко, наведувајќи дека тоа е моментот кога неговиот живот целосно го променил курсот ...

Баена е син на ѕвездата на „Терминатор“ и неговата поранешна слугинка Милдред Баена, која наводно останала бремена со својот син во време кога поранешната сопруга на Шварценегер, Марија Шрајвер го чекала своето четврто дете, што е информација која се чувала во тајност до 2011 година. Денеска 24-годишниот Баена гради кариера во недвижнини, бодибилдинг и е прилично амбициозен актер. Во новото интервју, Баена откри како веста за неговиот татко почнала да се шири кога тој завршил основно училиште.

Како што беше откриено, во раните години бил многу среќен, научил да готви со својата мајка и да го слави своето гватемалско наследство преку храна, култура и музика. Сепак, оваа идила ја наруши медиумското лудило кое следеше, а тој изјави: 

„Се сеќавам на тој ден како да беше вчера. Бев осмо одделение. Беше петти или шести час кога ме повикаа да го напуштам часот. Мајка ми беше на училиште и во паника ми рече дека треба да одиме, сите дознаа кој е твојот татко“. Како што додаде овој млад човек: „Имав тринаесет години. Тогаш вашето тело и ум се трансформираат, додека целиот мој живот се трансформира пред моите очи“.

Баена изјавил и дека тој и неговата мајка побегнале од медиумите и отишле на патување кај роднина во Тексас. „Таа беше единствената личност што ја имав во мојот живот и јас бев единствената што ја имаше, исто така“, продолжи синот на Шварценегер. „Никој не знаеше, сите сакаа детали. „Баена не сакаше да сподели кога првпат разговараше со својот татко точно по откритието, додека самиот Шварценегер не беше достапен за интервјуа. Неодамна Баена отворено зборуваше зошто избрал да не го земе презимето на Арнолд.

Во разговор со новинарите на изданието Inside Edition, Баена беше прашан зошто не го користи своето познато презиме, на што тој одговори: „Веќе имам презиме и немам проблем со тоа. Едноставно, многу го сакам“. Баена тогаш рече дека има големи надежи за својата актерска кариера, а кога новинарката Викторија Рекано го праша дали има премногу „чевли за полнење“ поради репутацијата на неговиот татко во Холивуд, тој одговори на шега: „Всушност, ние буквално го имаме ист број на чевли. „Никогаш не размислував така“, продолжи Баена. „Мојот пат во кариерата е само мој.

Истакнува и дека секогаш се труди да ги спушти работите на нормално ниво. Овој млад човек секогаш се труди да ги направи горди и двајцата родители и тврди дека е инспириран од двајцата. 

„Мајка ми е мојата главна мотивација. Кога гледам колку напорно работи, мојата желба да ја направам горда само се засилува. Така е и со татко ми. Она што го постигна од ништо. Мислам, и двајцата мои родители се мигранти кои создадоа нешто од ништо. Затоа, кога ги гледам, ми се голема инспирација и се што сакам е да се гордеат со мене.