Вонредна состојба и Националната гарда стапува на сила: Минеаполис во пламен
Повод за протестите беше смртта на Џорџ Флојд, кој беше снимен за време на апсењето како се гуши додека еден полицаец со колена му го притиска вратот 8 минути. На снимката се слуша како Флојд го моли полицаецот да го попушти притисокот и му вели дека не може да диши.
Протестите во Минеаполис започнаа во средата, а учесниците за време на вчерашните демонстрации ги ограбуваа продавниците, ги опустошуваа и ги демолираа. Градоначалникот Фреј претходно побара од гувернерот на сојузната држава Минесота да испрати воени трупи одоносно Националата грарда.
Но затоа, Американскиот претседател Трамп се закани со последици по безредијата во Минеаполис по убиството на афроамериканец од страна на полицијата во градот. Потоа Гувернерот на Минесота ја мобилизираше Националната гарда.
Трамп се закани со консеквенци
„Само што разговарав со гувернерот Тим Волц и му реков дека војската е на негова страна. Ако има потешкотии, ние ќе ја преземеме контролата, но кога ќе почнуваат ограбувањата грабежот, почнува пукањето “, рече Трамп преку Твитер.
„Овие насилници го обесчестуваат споменот на Џорџ Флојд и нема да дозволам тоа да се случи“, напиша Трамп. Трамп го обвини градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј за „тотален недостаток на лидерство“.
„Или слабиот градоначалник на радикалната левица, Џејкоб Фреј, ќе успее да го стави градот под контрола, или ќе ја испрата, Националната гарда и ќе ја завршам работата како што треба“, напиша Трамп.
Државниот гувернер Тим Волц синоќа ја активираше Националната гарда и прогласи вонредна состојба во Минеаполис и околните области. Националната гарда на Минесота соопшти дека повеќе од 500 војници биле распоредени во регионот Минеаполис. Нејзина задача е да го заштити животот и имотот и да обезбеди мирни демонстрации.
Гувернерот Волц вчера повика на мир и рече оти насилството престатвува „исклучително опасна ситуација“ и ги повика луѓето да се разидат. Канцеларијата на американскиот државен обвинител и Федералното истражно биро (ФБИ) во Минеаполис соопштија дека спровеле кривична истрага поради смртта на Флојд и оти овој случај им е приоритет. Претседателот на САД Трамп во првата реакција на видеото во средата на Твитер го осуди убиството и побара да се забрза истрагата.
Извор: CNN