Вонземјанин ме уништи целосно: Мајли Сајрус за средбата со вонземско суштество

Позната е по шокантни изјави, но никој не може да потврди со сигурнсот дали овој пат ја зборува висината.

Американската пејачка и актерка Мајли Сајрус вели дека имала контакт со вонземјани и дека искуството било толку вознемирувачко што таа не можела да гледа во небото со денови.

„Тој ме погледна и ние воспоставивме контакт со очите и тоа е она што особено ме шокираше, гледајќи во очите на нешто што не можев да си го објаснам што е тоа. Се тресев околу пет дена. Ме уништи целосно. Не можев да го гледам повеќе небото со истите очи. Мислев дека можат да се вратат, тврди Сарус.

Во интервју за списанието „Интервју“, Сајрус рече дека имала искуство со вонземјани додека се возела низ Сан Бернардино со пријател и дека „некое НЛО ја бркало“.

Јас сум прилично сигурна во она што го видов, но исто така купив марихуана од момче во комбе, па можно е да е од тоа, рече таа, пренесува Инди100.