„ВОЗЕЛ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ДРОГА И АЛКОХОЛ“ казнет Владо Георгиев: Изјава од Вишиот суд во Бијело Поље
Владо Георгиев е приведен синоќа на регионалниот пат Пљевља-Ранче.
Тој тврди дека бил фатен поради брзо возење, а не поради алкохол.
Пејачот Владо Георгиев синоќа е приведен на регионалниот пат Пљевља-Ранче, а како што соопштија од Вишиот суд во Бијело Поље му е изречена казна од 760 евра.
Црногорскиот весник „Дан“ објави соопштение од Вишиот суд во Бијело Поље во кое се наведува дека Владо Георгиев е казнет со 760 евра.
-Поради повреда на член 318 став 1 точка 14 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата - управување со возило под дејство на алкохол во телото со концентрација од 1,22 г/кг, судот му изрече казна на обвинетиот В.Г. (48) од Белград со 450 евра и 30 евра за процесни трошоци. Исто така, судот изрече глоба од 250 евра и 30 евра за процесни трошоци на истиот обвинет во друга постапка за делото од член 52 став 1 потстав 5 од Законот за спречување на злоупотреба на дрога. Двете решенија во двете постапки се извршени пред да станат правосилни бидејќи обвинетиот престојува во странство. Обвинетиот ја прифатил одговорноста за прекршоците во двете постапки, а во прекршочната евиденција е утврдено дека немал претходни осуди - соопшти претседателот и портпарол на Судот за прекршоци во Бијело Поље, Алија Бегановиќ, пренесува „Дан“.
Владо тврди дека не возел пијан.
Од друга страна, Владо синоќа зборуваше за „Блиц“ и призна дека е приведен, но тврди дека причината не е алкохолот.
- Точно е дека бев приведен, но причината не беше возење во пијана состојба, туку пребрзо возење - изјави сега Георгиев.