Возеше во спротивна насока за да спаси 3 животи: Миленко не се двоумел, а потоа следеше голема потрага

ТИПИЧЕН ноемвриски ден во главниот град на Србија, мрачен со малку дожд. За белграѓаните Миленко Кузмановиќ, како и за Милица Петровиќ и нејзините два сина требало да биде нормален ден.

Но... Таа сабота, на 19 ноември, се случи сообраќајна несреќа: автомобилот во кој била Милица со своите деца се превртел на покривот, на делот од автопатот за Нови Сад.

Миленко, кој се враќал од викендицата со пријателот Петар, „со аголот на окото“ забележал дека нешто необично се случува на лентата за застанување, до банкината. А потоа видел грозоморна сцена... Го запрел своето возило недалеку од излезот за белградскиот аеродром, на педесетина метри од автомобилот чии тркала се вртеле во воздухот...

Тој не се двоумел, ниту за секунда и „полн гас“, па назад, во спротивна насока, по автопатот.

Назад кон заробените во згмечената каросерија од која излегуваше чад... За неколку моменти ја откина вратата од „стутканото“ возило и претпазливо им помогна на Милица и момчињата да излезат.

Внимателно ги извлекол сите тројца од автомобилот

- Прво видов како нозете на човекот на возачкото седиште не се движат и се смрзнав - ни раскажува Миленко.

- Видов млад човек како седи на задното седиште со расекотина на главата, додека на совозачкото седиште седеше русокоса жена. Тие беа живи и тоа ми беше најважно. Почнав полека да ги извлекувам, но се плашев да не им експлодира возилото. Друг човек застана од другата страна на автопатот сакајќи да помогне, но јас почнав да му викам да повика полиција и брза помош. Откако сите тројца биле извлечени од автомобилот, му било јасно дека барем однадвор не се тешко повредени. Тие седнале до банкината и таму ја чекале полицијата и итната помош.

- Го направив она што секој би го направил. Не се сметам за херој.

Сигурно е дека во оваа ситуација срцето надвладеа над разумот, но едноставно, тоа е толку нормално - вели Миленко.

Скромен како што е, се поздравил со Милица и нејзините синови и си отишол дома. На Славија. Само на тоа се сетила Милица: Миленко од Славија.

Веќе следниот ден се обратила до медиумите со цел да го најде нејзиниот спасител и на нејзините синови. Приказната набрзо ги преплави социјалните мрежи. Пријателите на Миленко во таа приказна го препознале својот пријател. Рекоа: ова е нашиот Миленко, кој секогаш најмалку мисли на себе.

Оттогаш Петровиќ повеќе не се сретнал со семејството, но се договориле да се сретнат по Божиќ.

- Повторно би го направил истото. Не би размислувал ни за миг. Мислата водилка на Меша Селимовиќ во мојот живот е: „Наша должност е да помогнеме дури и на непозната личност“.

МИЛЕНКО е основач и претседател на Здружението за зачувување на српската традиција и култура „Шиљкан“, кое има одржано повеќе од 40 хуманитарни концерти. Тој доброволно дарувал крв повеќе од 50 пати. Беше дел од моторџиите на Дедо Мраз кои им донесоа новогодишни пакетчиња на децата во домот во Сремчица. А, како што вели, за него највредна е согласноста што ја потпишал пред 10 години - Миленко е на списокот донатори на органи.