(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Полицаец задуши 46-годишен црнец на улица: Протести во знак на поддршка на црнците
фото:Kerem Yucel/AFP
Протести во градчето Минеполис, Минесота откако полицаецот - Дерек Човин, за неколку минути усмрти 46-годишен црнец - Џорџ Флојд.
„Престанете да убивате црнци“ [фото:Ерик Милер / Ројтерс]
Демонстранти се собираат на местото каде Џорџ Флојд, невооружен црнец, беше уапсен од полициските службеници во Минеаполис, Минесота.
ВИДЕО:
Снимките го прикажуваат Флојд како лежи на земја со рацете зад грбот, додека полицаецот го притиска со коленото на вратот, а Флојд извикува „Не можам да дишам“.
Твит објави истакнатиот адвокат за граѓански права, Бенџамин Крум, кој го претставува семејството Флојд велејќи:
„Јасно е дека тој не се спротивставуваше на апсењето ... ЗОШТО Полициските службеници во Минеаполис употребија прекумерна сила што на крајот резултираше со негова смрт?!“
Федерацијата на полициските службеници од Минеаполис во вторникот издаде изјава во која се вели дека нејзините службеници соработуваат со истражителите и порачаа „сега не е време да се брзаме на пресуда“.
Движењето „Не можам да дишам“ - во знак на поддршка на црнците започна во 2014 година, кога Ерик Гарнер, невооружен црнец, почина во Њујорк, откако полицијата на сличен начин го задуши, додека тој извикува дека не може да дише.
извор:aljazeera