Времето лета, синот на Карамела наполни 18 години: Убавата Милица му е сопруга, а погледнете како изгледа наследникот (ФОТО)

Горан го доби Василија од бракот со сопругата Милица

Водителот Горан Стојичевиќ Карамела последните години не се експонира во јавноста, а сега го прослави 18-тиот роденден на синот Василија.

Сепак, неговиот наследник не сака да се експонира, па Карамела никогаш не споделил негови фотографии на социјалните мрежи. Водителот сега објави слика од својот син од роденденската прослава, но го сокри неговото лице.

Горан го доби Василија од бракот со сопругата Милица, која исто така никогаш не се појави со него во јавност.

- Не го кријам семејството, само не сакам да зборувам за сопругата и детето. Еднаш Василија се сликаше со мене, а жената не. Милица е економист, продуцент. Не сака да се појавува во медиумите – истакна еднаш Карамела, кој во последните години често беше обвинуван дека се крие од јавноста.

Инаку тој во деведесеттите беше еден од најдобрите имитатори на тогашната територија на Југославија. За да се истакне во морето на слични Карамела, тој започна да изведува бројни настапи, облечен како жена, нашминкан, носеше штикли и чанти. Сето тоа го правеше препознатлив и единствен, но неговото однесување наведе многумина да помислат дека всушност го привлекува истиот пол.

Сепак, тој ги демантираше ваквите шпекулации кога се ожени со атрактивна црнка со која основаше семејство.

- Сигурно не се оженив за да демантирам вакви глупави приказни! Се оженив за себе, за мојата среќа. И не ми е гајле што велат примитивците и необразованите! Поради природата на мојата работа, јас се облекувам како жена на сцената, но и Борис Бизетиќ, Јова Радовановиќ, многу меѓународни актери. За разлика од оние необразовани луѓе кои ме оговараат, мојата сопруга Милица е дипломиран економист. Слушам дека се зборува дека веднаш по свадбата сум отишол на тезга во странство. Па, не! Ја имав првата брачна ноќ – изјави тогаш Карамела за медиумите.

Извор: espreso.rs