За десет години луѓето добиваат лек кој ќе им овозможи да живеат двесте години

Британски научник објави дека создал нов лек кој може да ги отстрани таканаречените зомби клетки од нашето тело и да им овозможи на луѓето да живеат до двесте години...
Д-р Ендрју Стил, британски биолог неодамна ја претстави својата книга за човечкиот животен век и изјави дека со новиот напредок во развојот на сенолитици, лекови кои се фокусираат на уништување на клетките кои ја деградираат функцијата на ткивото, можеме да го удвоиме човечкиот животен век.
Како што објасни докторот:
„Мислам дека нема апсолутна граница за тоа колку долго можеме да живееме“. Зборувајќи со новинарите од публикацијата MailOnline, д-р Стил додаде:
„Студиите излегуваат на секои неколку години и сугерираат некаква фундаментална граница на човечкиот живот, но она што никогаш не го прават правилно е една клучна работа - никогаш не сме се ни обиделе да го третираме процесот на стареење до сега. Едноставно не можам да видам никаква биолошка или физичка причина зошто луѓето не би можеле да живеат двесте години, додека единствениот предизвик е развојот на биомедицинската наука за да се случи ова“.
Докторот го истакнува напредокот во сенолитици, кои ги таргетираат зомби клетките кои престануваат да се делат и акумулираат, ослободувајќи соединенија во нашето тело кои го поттикнуваат стареењето. MailOnline истакнува дека апчињата кои ги исфрлаат овие клетки од телото веќе се во фаза на тестирање на луѓе и би можеле да се најдат на пазарот во следната деценија.
Во 2020 година, медицинското списание „Лансет“ објави студија во која се претставени првите докази дека сенолитиците имаат ефикасен ефект во намалувањето на старите клетки. Експериментално тестирано на глувци, истражувањето вели:
„Професорот Џејмс Кирланд и неговиот тим од клиниката Мајо беа пионери на нова класа на агенси кои ги елиминираат мртвите клетки. Севкупно, кај глувците, воведувањето на сенолитички агенси и елиминацијата на старите клетки доведе до подобрување на физичките функции и зголемување на здравјето и животниот век“.
Судејќи според публикацијата MailOnline, откако започна тестирањето на сенолитичките лекови врз луѓе, милијардерите, вклучувајќи ги Питер Тиел и Џеф Безос, вложија масовно во нивниот развој.
Докторот инаку објасни дека ако ставите човечка клетка во чинија, таа ќе се подели во просек педесет пати пред да престане, додека клетките на желката од Галапагос можат да се поделат стотици пати. Желките од Галапагос можат да живеат до 120 години и се само едени од многуте примери за долговечност во светот на рептилите што може да им помогне на научниците подобро да ги разберат начините на стареење на клетките.