За малку ќе му ја скршеше главата на пријателот обидувајќи се да испадне фраер

Веќе навикнавме да гледаме возачи кои прават прилично големи глупости кога ги напуштаат автомобилските настани, а во нив најмногу се вклучени оние зад воланот на моделот Ford Mustang ...

Меѓутоа, на оваа листа неодамна се додадоа и многу други имиња од светот на автомобилската индустрија, па сега ви го претставуваме неверојатниот потег на возачите и патниците на кабриолет модел на BMW M4, кој дефинитивно го заслужи првото место во оваа многу конкурентна категорија.

Овој клип е создаден некаде во Велика Британија и ни претставува металик црн кабриолет М4 при напуштање на настан. Бидејќи ова БМВ е со четири седишта, двајцата патници во задниот дел на моделот сметаа дека е добра идеја да седнат во неговиот багажник наместо во седиштата. Како тоа да не е доволно глупаво, возачот решил да додаде гас за да види дали неговите двајца пријатели можат да останат на своите места.

Додека еден од неговите сопатници се држеше за задниот дел од предното седиште, другиот сопатник позади, во црна тренерка, не ни помисли да се држи за ништо, се лизна преку багажникот, завршувајќи на тврд асфалт. За среќа тој брзо станал и при падот не се повредил сериозно.

Она што ја прави оваа случка уште поурнебесна е ноншалантата реакција на црномурестиот набљудувач кој бил сведок на целата работа. Иако изгледа дека е целосно збунет од сето она што го видел, во главата веројатно помислил колку всушност се покажала глупава оваа идеја на група пријатели.