ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА, СЕЈФ СИТИ ЌЕ ПОЧНЕ ДА РАБОТИ: Ќе биде пробно, ама камерите сепак ќе снимаат

Од 1 јануари 2026 година системот „Сејф сити“ ќе почне официјално да ги регистрира и санкционира сообраќајните прекршоци низ Македонија. Еден месец претходно, од декември година, ќе се спроведува тест-период на функционирањето на новиот систем за видео надзор.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, летово најави дека проектот најпрво ќе биде активен во Скопје и уште два града, а во текот на 2026 година ќе се прошири на територијата на целата држава.

Камерите ќе бидат поставени на булевари, крстосници и поголеми сообраќајници, и ќе регистрираат поминување на црвено светло и возење со прекумерна брзина — двете најчести причини за сообраќајни несреќи.

Пред системот да профункционира целосно, потребно е да се изменат неколку закони, меѓу кои и Законот за безбедност на сообраќајот и Законот за заштита на личните податоци, а дел од измените веќе се во постапка.

Вакви системи одамна се користат во поголем дел од европските земји. 

Со воведувањето на „Сејф сити“, властите очекуваат значително намалување на бројот на несреќи и подигнување на сообраќајната култура, но останува прашањето – дали дисциплината може да се наметне со камери или мора да дојде од свеста на возачите?

Извор: Фактор