За неверување: Руси изведоа скок со падобран од 10.000 метри (ВИДЕО)
- 27 Април, 2020
Припадниците на руските воздушни единици изведоа групен скок со падобран на Арктикот, на надморска височина од 10.000 метри, што досега никој тоа не го постигнал.
Скокот беше направен по наредба на рускиот министер за одбрана Сергеј Шогу.
- За прв пат во историјата, изведовме скок во групи со помош на специјални системи во арктички услови од 10 000 метри, користејќи опрема опремена со кислород во борбена обука. Никогаш досега никој не го сторил тоа - рече заменик министерот за одбрана Јунус-Бек Евкуров.
Тој додаде дека падобранците ги користеле системите за
падобрани од новата генерација за специјална намена.
Војската тестираше опрема со кислород, уреди за навигација, специјална опрема и униформи. Скокот е направен од воен транспортен авион Ил-76.