Забава // Занимливости
За овој скок зборуваше цела Југославија, а тоа не беше Лепа Брена: Ќе се шокирате кога ќе видите кој скокна наместо неа
- 02 Февруари, 2025
Пред повеќе од 30 години Лепа Брена го сними првиот дел од филмот „Хајде да се волиме“, кој беше неверојатно популарен на просторите на поранешна Југославија. Од ова остварување паметиме бројни кадри, а една сцена во тоа време предизвика големо внимание.
Во прашење е сцената каде Лепа Брена бега од луѓето кои ја бркаат во Мостар, а на крајот скокнува од познатиот Стар мост во овој град.
Меѓутоа, овој скок не го изведе Лепа Брена туку некој сосема друг. И тоа не жена, туку маж. Во прашање е познатиот мостарски скокач Јадранко Финк, кој, како Брена, имаше витка фигура и токму тој скокна наместо пејачката.
Јадранко беше убиен во 1993 година за време на војната. Тој беше убиен од снајпер. Неговото име е врежано во бетонските скали кои водат од мостот до самата река Неретва.