За влакно избегна пад од гаражата: Популарниот руски хокеар едвај извлече жива глава
Професионалниот руски хокеар и неговото семејство имаа среќа да преживеат по инцидентот во кој нивното Порше го проби ѕидот на катниот московски паркинг и за малку ќе паднеше на земја ...
Денис Казинов возеше германски теренец со својата сопруга на совозачкото место и дете на задното седиште. Зборувајќи за локалните медиуми, Казинов рече дека изгубил контрола поради лизгавиот под во гаражата.
„Да, станува збор за мојот автомобил“, рече тој. "Возев со моето семејство, сопругата и синот седеа одзади. Ова беше дел од отворен простор за паркирање со само еден ѕид настрана. Подот е многу мазен, исто како и во многу други трговски центри. Покрај тоа, оваа област беше прекриена со снег. Ја згазив сопирачката, но автомобилот едноставно не застана. Тој се движеше сè додека не удри во ѕидот што го проби. Бевме скаменети од шокот. "
Снимките и фотографиите направени по несреќата го прикажуваат предниот дел на моделот Macan, вклучувајќи ги и предните тркала, целосно фрлен преку работ на паркингот. Многу е тешко да се каже што го спречи џипот целосно да го пробие ѕидот на гаражата и да падне од висина, но се чини дека надворешната рамка на конструкцијата помогна да се запре до одреден степен.
Штетата направена на германскиот модел не изгледа премногу сериозна, но сигурно ќе бара промена на шофершајбната и нов преден браник. Автомобилот претрпе и одредено оштетување на долниот дел од шасијата и ладилникот.