За живот во 5 квадрати во Њујорк ви се потребни 1.350 евра: Погледнете како изгледа станот и каде е бањата - луѓето се во неверување!

Двајца Јутјубери решија да покажат како изгледа најмалиот стан во Њујорк.

Многу луѓе денес сакаат да заминат во странство во потрага по подобра заработка или поради некоја друга причина. Исто така, повеќето луѓе мислат дека се е поубаво, подобро и поинаку, а двајца Јутјубери решиле да ја прикажат вистинската слика.

За сместување зеле стан од пет квадрати, а бидејќи многу следбеници ги интересирало како е уредено сместувањето, тие детално снимиле се‘.

Она што е интересно е што овој стан се издава месечно за 1.400 американски долари, што е околу 1.350 евра. Ова видео докажува дека е можно да се собере се‘ што ви треба.

View this post on Instagram

A post shared by Erik Conover (@erikconover)


Сепак, она на што не можете да сметате е бањата, која се наоѓа во ходникот на првиот кат и ја делат сите станари. Во станот имате микробранова печка, фрижидер, мијалник, ТВ, полици за работи и дел каде што можете да ставите душек за спиење.

Бројните корисници на социјалните мрежи не го криеја изненадувањето од она што го видоа.

„Токму кога ќе помислам дека сум видел се‘“, „Ова малку ме лути“, „Се обложувам дека сите инфлуенсери ќе одат овде“, „Смешно е што за тие пари можеш да изнајмиш куќа на три ката овде каде што живеам јас“, „Па не е идеално, но барем имаш каде да спиеш без да гладуваш“, гласат коментарите под објавата.

Што мислите вие?


Фото и Видео: Инстаграм