Забивајќи ги прстите во очите на ајкулата, ја спаси својата сестра од сигурна смрт

Тинејџерка се здобила со сериозни повреди откако била нападната од ајкула на плажа во Флорида...

Во екот на се‘ почестите напади на овие животни на различни места низ светот, CBS News објави дека Адисон Бетеа, на возраст од седумнаесет години, барала школки во близина на брегот на околу метар и половина длабоко од плажата Китон, кога ајкулата налетала на неа и ја нападнала.

Скокнувајќи да помогне, братот на Бетеа храбро се борел со ајкулата забивајќи и ги своите прсте во нејзините очи, но за жал таа сепак успеала двапати да и ја гризне десната нога пред да исплива. Батеа беше примена во блиската болница со сериозни повреди на ногата и моментално е будна и на интензивна нега откако за малку ќе го загубеше животот од ѕверот долг речиси три метри.

Болницата објави фотографија од девојчето и нејзиниот брат со натпис: 

„Адисон има сериозно оштетување на меките ткива на десната нога. Трауматскиот тим на нашата болница ја стабилизираше, при што хирургот од ургентен центар изврши операција за да го врати нормалниот проток на крв и да и ја спаси ногата. Ќе биде подложена на уште една операција за целосно утврдување на вкупното оштетување на ногата и одлучување каков третман треба да се примени во понатамошниот процес за зачувување на здравјето на нејзината нога“.

Болницата, исто така, напиша дека закрепнувањето на Бет ќе биде долго и дека нејзиното семејство се заблагодаричо на нивната заедница и округот за нивната помош и поддршка во овој тежок период за нив. Шерифот на округот Тејлор во Флорида за време на прес-конференција рече дека пливачите мора да останат будни и внимателни во секое време, практикувајќи безбедносни мерки.

„Некои правила што пливачите мора да ги следат: никогаш не пливајте сами, не влегувајте во вода во близина на рибари, избегнувајте области како што се песочни места каде што ајкулите сакаат да се собираат, не пливајте во близина на големи површини каде што има многу риби и избегнувајте нагли движења во водата“, додаде шерифот. 

Во изминатата половина деценија, Флорида има просечно дваесет и пет напади на ајкули секоја година. Ова е најголемиот број на напади во целиот свет, додека некои извори наведуваат дека поради тоа со текот на времето се намалува и бројот на капачите.