Зад невиното лице криела болни мисли: Кога убила 2.000 жени, стигнала и одмаздата за која се зборува и денес
Некои од најбруталните убијци на светот биле жени, а токму поради тоа што верувале дека жената не може да направи такво нешто, долго време никој не ни знаел за нивните злосторства.
Најбруталните женски убијци на сите времиња беа опишани во книгите, а оние кои читаа за нив не можеа да поверуваат дека такви ѕверства може да ги изврши живо суштество:
Мајра Хиндли (1942 - 2002)
Мајра Хиндли и нејзиниот љубовник Иан Брејди се познати по силување, сексуално злоставување, мачење и на крајот убивање на три деца помлади од 12 години и двајца тинејџери во средината на 1960-тите. Тие се осудени на три доживотни затворски казни, а за Мајра се напишани многу книги и неколку филмови, а таа е прогласена за најсурова жена во Велика Британија, пренесува Кафенисанје.рс.
Беверли Алит (1968 - )
Беверли Алит, медицинска сестра од Грантам, убила четири деца под нејзина грижа за 59 дена во 1991 година, користејќи различни средства. Таа се обидела да убие и шест други деца, а тешко повредила уште три. Таа беше наречена ангел на смртта и осудена на доживотен затвор.
Мери Ен Котон (1832 - 1873)
Англичанката Мери Ен Котон со арсен убила 21 лице, вклучително и нејзините деца, сопрузи, мајка, пријателка и љубовница. Казната за злосторствата што ги направила била бесење.
Илсе Кох (1906 - 1967)
Илсе Кох, сопругата на Карл Ото Кох, командантот на концентрациониот логор Бухенвалд, е запаметена по тоа што земала сувенири од кожата на убиените затвореници со карактеристични тетоважи. По завршувањето на Втората светска војна, таа е осудена на доживотен затвор. Таа се обеси во германскиот женски затвор во Ајхах на 1 септември 1967 година.
Ирма Грезе (1923 - 1945)
Ирма Грезе беше една од жените вработени во нацистичките концентрациони логори Равенсбрик и Аушвиц, а нејзината суровост подоцна беше детално опишана од преживеаните затвореници. По завршувањето на војната, таа беше осудена за злосторства против човештвото. Таа беше погубена во 1945 година.
Розмари Вест (1953 - )
Розмари Вест го потресе светот со фактот дека таа и нејзиниот сопруг Фред извршиле 10 убиства, вклучувајќи го и убиството на нивната ќерка Хедер. Фред се самоуби пред почетокот на судењето, а Розмари отслужува доживотна затворска казна.
Ерзебет Батори (1560 - 1614)
Унгарската грофица Ерзебет Батори е една од најпознатите сериски убијци во историјата на човештвото. Се проценува дека заедно со уште неколку соучесници мачела, а потоа убила меѓу 300 и 2.000 девојчиња. Нејзините злосторства биле откриени во 1610 година, по што била заѕидана во нејзиниот замок каде што била пронајдена мртва четири години подоцна.
Стил курир