Заљубен сум: На крајот од мисата, свештеникот соопшти дека го напушта свештеничкиот повик

Нема информации за идентитетот на жената која го украде срцето на дон Рикардо

По неделната утринска миса во парохиската црква Сан Фелице во градот Маса Мартана, недалеку од Перуџа, епископот Гвалтиеро Зигизмонди им соопшти на верниците дека нивниот парохиски свештеник, Дон Рикардо Џаобели, од Светиот Отец побарал благодат за ослободување од целибат, и oд свештенството.

Владиката Зигизмонди на крајот од својата проповед ги упати своите најискрени желби до Дон Рикардо и истакна дека тоа е негов личен и слободен избор, што ќе му ги врати мирот и спокојството. 

- Ви се обраќам, драги браќа и сестри, со позив: немаме право да коментираме што одлучи Дон Рикардо, но должни сме да не му дозволуваме да ја пропушти прегратката на молитвата - ја заврши епископот својата беседа, пренесува РТС.

По говорот на владиката, Дон Рикардо Џакобели, меѓу другото, изјави дека ја сака и почитува Црквата, но дека не може да продолжи да биде доследен и отворен како што беше досега. 


- Моето срце е заљубено, иако никогаш не сум имал можност да ги прекршам заветите кои и ги дадов на Црквата. Сакам да се обидам да ја живеам оваа љубов без да се кријам, без лаги - додаде заљубениот свештеник.

Дон Рикардо има 42 години и беше ракоположен за свештеник пред девет години. Според некои италијански медиуми, наводно „сите знаеле“ што се случува и „кружеле гласини дека Дон Рикардо бил виден со жена“.

Сепак, нема информации за идентитетот на жената која го украде срцето на дон Рикардо.


Фото: Инстаграм/riccecco