Замислете, биле заробени 15 години овде: Застрашувачката вистина за нивниот престој на овој остров
Во далечната 1776 година, осум луѓе биле спасени од пуст остров во Индискиот Океан каде што живееле долги 15 години.
Седум од нив биле жени, а едно момче е родено таму. Сега, 240 години подоцна, археолозите ја открија срамната историја на нивното извонредно искушение. Тим од Франција помина еден месец на островот Тромелин, каде ги истражуваше остатоците од заглавениот брод, а експедицијата беше спонзорирана од УНЕСКО.
Целта на мисијата беше да се открие речиси заборавена приказна за суровост. Тие го открија тоа, но научија и за упорноста на човекот, одлучноста да преживее и способноста да се организира и покрај тешкотиите.
Приказната не‘ враќа во јули 1761 година кога француски брод потонал во близина на островот Тремелин, источно од Мадагаскар. Товарот на бродот бил - робови. Се удавиле 20 морнари, како и седумдесет или повеќе робови.
Група преживеани од околу 60 луѓе испливале до Тремелин, кој е вистинска пустелија. По шест месеци на островот, преостанатите морнари изградиле брод и избегале. Робовите биле оставени на островот само поради една причина - затоа што се робови.
Најблиското копно било на околу 450 километри од нив. Морнарите им ветиле дека ќе се вратат по нив, но тие никогаш не го исполниле ветувањето. И покрај тоа што биле напуштени, робовите не се предале. Во текот на сите 15 години што биле на островот, тие не се откажале од сигналите за чад, се‘ со надеж дека некој брод ќе ги забележи.
Тие користеле дрво од потонатиот брод, а граделе куќи од корали и песок. Јаделе што можеле да фатат: желки, птици и школки. Благодарение на археолошката експедиција, сега се знае многу повеќе за нив.
„Тие луѓе не биле скршени од нивната судбина. Тие работеле заедно на антички начин и формирале тесно поврзана заедница. Најдовме докази за тоа што јаделе и како живееле. Ова е приказна за генијалноста и инстинктот за преживување на луѓето кои биле напуштени бидејќи другите човечки суштества ги сметале за инфериорна раса“, изјави Макс Жиру, водачот на експедицијата.
Според извештаите, Французите кои успеале да побегнат се обиделе да го исполнат ветувањето. За жал, островот на кој слетале исто така бил под Франција, а гувернерот не сакал да испрати спасувачка мисија поради робовите.
КАКО СЕ СПАСИЛЕ СЕБЕ?
Случајно, во 1776 година еден француски морнар се насукал на нивниот остров откако се обидел сам да ги спаси. Тие некако успеале да го реконструираат неговиот брод, а една група успеала да стигне до Маурициус.
Останатите отпадници биле спасени од капетанот Тромелин, чие име го носи островот од тогаш. Денеска правото на островот го бараат Мадагаскар и Маурициус, а во 1776 година не ни постоел на мапата.
Фото и Извор: bktvnnews.com