Забава // Занимливости
Замислете цел град да знае дека сте говедо: Како ги казнуваат возачите во Љубљана
- 21 Октомври, 2020
Во Љубљана, Словенија несовесните возачи, покрај парична казна си заработуваат уште една, многу полоша од паричната - ставени се на ѕидот на срамот поконкретно на градско пано, со име и презиме и каков прекршок направиле.
„Во Љубљана покрај тоа што ќе те казнат парично доколку се паркираш на место за инвалиди, или слично, ќе те „закачат“ и на градското пано со име и презиме и прекршокот што си го направил, да знае цел град дека си говедо. Брабо Љубљана“ - стои во еден твит од граѓанин најверојатно од одруга држава кој потполно ја поддржува оваа идеја.