ЗАМИСЛЕТЕ ДЕТЕТО ДА ВИ СЕ ВИКА ПОРШЕ ИЛИ НИСАН: Повеќе од 900.000 деца ширум светот го добија името по автомобил!

Верувале или не, скоро милион бебиња ширум светот, а особено во Америка и Велика Британија, се именувани по брендови на автомобили.

(ChooseMyCar), веб-страница за поддршка на купување автомобили со седиште во Велика Британија, открила и направила анализа дека има повеќе од 900.000 деца родени по 2000 година, кои се нарекуваат исто како и некои возила на четири тркала.

Така, откриено е дека децата се нарекуваат Лексус, Порше, Лотус, Астра, Клио, Алфа, Нисан, а неодамна многу популарно име е Тесла. Меѓутоа, најчести се имињата кои се идентични со имињата на автомобилите. Помеѓу 2000 и 2018 година, 177.644 Остин, 174.595 Хантер и 132.696 Морган се родени во Америка и Велика Британија.

- Егзотичните имиња на автомобили за деца се поретки. Така, меѓу децата има само пет со имиња Субару и Шевролет, шест Кадилаци, 23 Ферари, 29 Нисани и ист број на Јагуари - објави порталот за автомобили.