Замислете, ова го кажува жена: Мажите се најголеми жртви на феминистичкото движење и маркетинг триковите

Зошто ?

Наташа Полони, една од најафирмираните француски новинарки, специјализирана за образование и социјални настани, напиша статија за мажите во денешното општество кои според неа станаа најголеми жртви на феминизмот.

„Господа, овој текст е посветен на вас мажите. Тој е признание за сè што може да биде мажот. Текстот е признание за машкоста, толку критикуван квалитет што не е ништо друго освен доверба што човекот може да ја има која му припаѓа на неговиот пол. Машкоста е огледало во кое жените се гледаат со задоволство. Облик на самодоверба, тивка сила што сакаат да ја криминализираат денес. Да се ​​уништи оживотворување на „омразната патријархалност“, да се сруши магијата и да се направи мажот суштество на вечно сомненевање.

Нема жалење за времињата кога терминот „да се биде маж“ беше земен за едно конкретно значење. Ваквото размислување не беше помалку проблематично од денешното, феминистичко. Не преставуваше доверба, туку осуда.

Не, господа. Вие не сте страшни суровини за да бидете контролирани и казнети. Насилството не е машка особина. Градењето на вашата личност со помош на жена ќе ви овозможи да ја користите вашата сила и храброст да ги заштитите другите, особено жените, наместо да живеат во страв и отфрлање.

Јас избрав. Го признавам тоа. Живеам со загрозен примерок, еден од оние автентични типови мачо, кои феминистичката прогресивност ја осудува на историско заборавање. Тој е пример кој не ја пегла кошулата, кој ја плаќа сметката во ресторанот и ме следи кога ќе излезам, бидејќи тој се плаши дека може да ми се случи нешто. Суштество кое се лути и кое секогаш сака да биде во право. Битие кое прави сè за мене, мислејќи дека ќе го стори тоа подобро од мене. Да, избрав човек кој е украсен со овие „ужасни карактеристики“. Сензуален и бучен, толку различен од мене, и толку блиску до она во што верувам. Мажот во чии очи читам дека сум жена.

Признавам, ја сакам различноста. Ми се допаѓа таа суштинска разлика што нè прави луѓе без да бидеме идентични. Сакам игри на доминација кои предизвикуваат и се спротивставуваат едни на други, во кои двајцата се предаваме, но и се спротиставуваме на она што ни е непознато. Конечно, сакам да откривам преку нашата разновидност што нè обединува и нè прави неопходни едни на други. Ништо не е погубно од желбата да се укинат границите, внимателно да се затупи острината во името на нашата илјадагодишна неспособност да размислуваме за двојност.

Господа, не предавајте се на женските противречности. Тие ви кажуваат за еднаквост, поделба на трудот, сакаат да бидат слободни и независни. Точно, ова е она што им треба. Тоа е како да им треба охрабрувачка фигура на авторитарен машки заштитник, кој ќе ги преземе своите должности и ќе го симболизира законот, а истовремено ќе го спречи тоа да биде така. Не потклекнувајте на јавните приказни што ве принудуваат да бидете понижени во име на мешање женски и машки, кои сакаат да ве убедат дека ова е последниот чин на човештвото, како единствена можност да се стави крај на страдањата на жените.

Нема ништо подосадно за жената отколку кога се наоѓа во близина на мрачен и безличен човек кој ги прифатил сите науки на феминизмот. Маченик кој користи креми за лице.

Дали има поубав гест отколку кога таквото суштество става малку топлина и заштита на нашето женско рамо?

Оваа порака ја посветувам на мојот син. Порака за љубов и надеж. Може ли и тој да стане горд маж? Маж исполнет со витешките вредности што ја основаа западната цивилизација. Човек кој ја игра улогата на најсилен со цел да служи и да заштити, но никогаш да не ја злоупотребува својата моќ. Човек, уверен во она што го сака и кој оди по патеките на старите примерии големи луѓе. Дури и ако е свесен дека сето ова е само фикција и дека тој не смее да биде затвореник на кодови, туку да ги прилагоди, да ги разбие.

Нека научи да гледа на жените во нивната сложеност, нивните противречности и неизвесности. Нека ги сака горд и кршлив, смирен и страствен, онакви какви би биле ако нашата тажна епоха не му наметне глупости што маркетинг генијалците ги вметнуваат по секоја цена “.

Наташа Полони