Започнува највозбудливата наградна игра на „Моја Кравица“ - главната награда е семејно патување во Дизниленд

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“.

Наградната игра ќе трае од 15 септември до 26 октомври 2025 година и има за цел да понуди уникатно искуство и дополнително да ја зајакне поврзаноста со потрошувачите. „Моја Кравица“ чоколадно млеко со децении е симбол на вкус и радост во секое семејство. Денес, тоа е бренд кој ужива доверба кај потрошувачите, препознатлив по својот автентичен вкус, врвен квалитет и топлина што ја внесува во секојдневните моменти, правејќи го омилен избор за малите и за големите.

Моја Кравица наградната игра секоја недела ќе носи нови радости: ќе се доделуваат по три iPhone 15 телефони,  три PlayStation 5 и пет пакет производи, што ја прави оваа наградна игра една од највозбудливите досега. Најсреќниот добитник ќе замине на семејно патување во Дизниленд - дестинација што е симбол на фантазија и авантура и за младите и за возрасните!

Учеството во наградната игра е едноставно и лесно достапно за сите. Секој потрошувач што ќе купи било кои два производа од портфолиото на Моја Кравица (чоколадно млеко, милкшејк или пудинг) добива право на учество во извлекувањата - сѐ што треба да направи е да го испрати бројот од фискалната сметка и времето на купување со назнака „Моја Кравица“ преку СМС на телефонскиот број 145 111.

Регистрацијата може да се направи бесплатно и преку веб-страницата на следниот линк: https://bimilk.mk/moja-kravica-nagradna-igra/, каде што се достапни сите информации за наградната игра. Извлекувањата ќе се одржуваат еднаш неделно, а добитниците ќе бидат објавувани секоја среда на официјалната веб-страница како и на социјалните мрежи на bimilk и imlekmk. Извлекувањето на главната награда е на 27.10.2025 година.

Со оваа наградна игра, „Моја Кравица“ продолжува да ја гради својата силна врска со потрошувачите, нудејќи радост, изненадувања и моменти што остануваат во семејната меморија.