Започнува „ProBiz Superpowers“ серијалот на настани за млади претприемачи на ПроКредит Банка и ЕБОР
Како дел од својата мисија за поддршка на младите претприемачи, ПроКредит Банка, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), го најавува лансирањето на серијалот едукативни настани „ProBiz Superpowers“. Оваа иницијатива е дел од програмата „Youth in Business“, чија цел е да ги поддржи претприемачите под 35 години преку обезбедување финансиски ресурси, знаење и специјализирана обука за да им помогне да ги надминат предизвиците и да ги развијат своите бизниси.
Настаните се креирани на начин кој ќе овозможи да се подобри ефективноста на младите претприемачи преку поттикнување сет на навики, вештини и начин на размислување, охрабрувајќи ги да стекнуваат „Супермоќи“ што ќе им овозможат да станат уште поефикасни лидери.
Серијалот „ProBiz Superpowers“ ќе ги поттикнува клучните претприемачки вештини во пет клучни области - приспособливост, креативно решавање проблеми, донесување одлуки, лидерство и издржливост. Овие работилници се прилагодени да бидат интерактивни, практични и колаборативни, обезбедувајќи учесниците веднаш да го применат во нивниот бизнис она што ќе го научат. Програмата е достапна за сите млади претприемачи, без оглед на нивото на искуство или фазата на развој во којашто се наоѓа нивниот бизнис во моментот.
Првиот настан од овој серијал, на тема „Ефективно лидерство“, ќе се одржи на 24 октомври 2024 година, од 13:00 до 16:00 часот во Стартап клуб Скопје.
Работилницата ќе се фокусира на основните лидерски вештини како што се: ефективна комуникација, активно слушање, давање и примање фидбек и менаџирање.
Учесниците ќе научат како малите прилагодувања во нивните интеракции може да доведат до значителни подобрувања кај нивните бизниси. Дополнително, тие ќе имаат можност да ги споделат сопствените лидерски предизвици и да добијат конкретни насоки и решенија.
Овој серијал на настани е дел од пошироката програма „Youth in Business“ на ЕБОР, во чии рамки ПроКредит Банка го креираше и ПроБиз пакетот наменет за поддршка на млади претприемачи. Оваа програма е исклучително корисна за младите претприемачи, давајќи им можност за финансирање и знаење што им се потребни за да изградат финансиски поинклузивна и просперитетна иднина.
Регистрацијата за првиот настан „Ефективно лидерство“ е достапна на следниот линк. Местата се ограничени.
ПР објава