Запознајте ја Маја - првиот клониран волк кој на неверојатен начин го создадоа научниците во Кина (ВИДЕО)

Кинеските истражувачи открија дека успешно клонирале вид на див арктички волк и се надеваат дека новата технологија што ја користеле за да го постигнат тоа ќе спаси многу загрозени видови.

Компанијата за генетско инженерство „Sinogene Biotechnology“ со седиште во Пекинг претстави клон на женскиот арктички волк – Маја. На овој начин беа одбележани 100 дена од нејзиното раѓање. Генетичарите рекоа дека сиво-кафеавото кученце со бушава опашка е здраво и разиграно и дека тоа е резултат на долгогодишна макотрпна работа.

Арктичкиот волк е познат и како бел или поларен волк и е подвид на сивиот волк чие живеалиште се наоѓа во тундрите на канадскиот северен арктички архипелаг. Во последните децении, неговиот статус укажуваше дека не е во опасност од исчезнување, бидејќи е оддалечен стотици километри од населени места. Сепак, климатските промени пред неколку години значително влијаеле на неговите извори на храна, што довело до скоро исчезнување на видот.

Со цел да се избегне ова сценарио, Синоген го започна проектот за клонирање на волк Арктик во 2020 година во соработка со Харбин Парк од Канада. Во таа прилика користеле примерок од кожа од арктички волк кој живеел во Канада и се викал уште Маја. Откако ги „извадиле“ донорските клетки, научниците успеале да создадат 85 ембриони кои потоа биле вметнати во утробите на женските бигли - и како резултат на тоа, еден од нив родил здрав арктички волк.

Според Глобал Тајмс, оригиналната Маја починала од старост во 2021 година, но нејзиниот клон, кој моментално живее со нејзината сурогат мајка, ќе биде сместен во Харбин и пошироката јавност ќе може да ја види. По овој успех, Синоген планира да започне соработка со паркот за диви животни во Пекинг, со цел да се истражат новите технологии во клонирањето и да се спроведат пошироки истражувања за зачувување и одгледување на ретки и загрозени животни во оваа азиска земја.



IZVOR: YOUTUBE PRINTSCEEN / NEWS CENTER