Запуштен стан од 40 квадрати го претворија во трособна рајска оаза
Малите станови се шармантни, интимни, лесни за одржување и совршени за заштедa од големи сметки. Повеќето сопственици на мали апартмани се тешат со овие зборови, иако се свесни дека животот во мал стан е предизвик, особено кога станува збор за украсување и уредување. Бидејќи немаат многу простор, не сакаат да го натрупуваат со еден куп работи, додека од друга страна треба да најдат начин да стават сè што имаат во станот.
Екипата на каналот „Јутјуб“- Never Too Small, редовно објавува видеа од реновирање на мали станови.
Откако уредија навистина мали станови, еден од само 22, а другиот од 27 квадратни метри, тие решија да покажат како да украсат малку поголем стан со стил.
Станот во Мелбурн е сместен во зграда од 1960-тите, во која има уште 15 станови. Кога архитектите влегле во неа, имало една спална соба и тие успеале да направат друга просторија во неа. Тие ја претворија посебната кујна во дополнителна просторија, додека ја преместија кујната во дневната соба со трпезарија. Така, тие создадоа трособен стан од 40 метри квадратни.