Заради коронавирусот ја одложи свадбата со секс куклата: Во врска се една година
ЈУРИЈ ТОЛОШКО, актер и бодибилдер, ги извести своите следбеници и познаници дека неговата свадба е одложена поради коронавирусот. На крајот на април, Толошко требаше да се ожени за секс кукла Марго, со која веќе една година е во врска, пишува Дејли Стар.
Свадбата ќе се случи што е можно поскоро, а актерот рече дека ќе слави за неколку дена. Тој тврди дека ја запознал Марго во кафуле, каде ја спасил од човек кој немал добри намери.
„Сакам да го поминам остатокот од животот со неа“, рече тој.
Тој објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи скоро секој ден. Толошко се појави во друштво на куклата во бројни телевизиски емисии и патува со неа и оди на романтични вечери.
Тој вели дека не е заинтересиран за негативните коментари и дека е среќен.