Жаре стана татко: Пресреќни сме со нашата ќеркичка

Иако приватниот живот го држи далеку од рефлекторите, вчерашната панел дискусија за родителството што ја организира „Бекутан“ беше причина популраниот водител ексклузивно да ни откртие дека на настанот нема да се појави само во улога на модератор.

Жарко Димитриоски водителот на популарното ток шоу „ Еден на еден“ пред пет месеци стана татко.

-Нашата ќерка има има само пет месеци и веќе е најголемата радост во нашиот живот и мало сонце кое ни го осветлува секој ден. Гледаме како расте, уживаме и посакуваме секој да доживее таква радост- откри Димитриоски.

Панел дискусијата  се одржа вчера а покрај Димитриоски за родителството зборуваа Сашко Коцев, Тарик Филиповиќ и Петар Бенчина.