Засрами се крадецу: Мајка која туркала неподвижен син во колична, ограбена и оставена без денар
Ваквите настани се во најмала рака срамни...
Немил настан е снимен во грчкиот град Патра, каде мајка на дете со хендикеп била цел на дрзок крадец.
Приказната има среќен крај, но ја илустрира суровоста на времето во кое живееме.
Мајката го запрела возилото на улицата Фанариу и излегла надвор да го смести малото во инвалидска количка, напишаа на социјалните мрежи.
Ја оставила вратата отворена, а додека со двете раце ја туркала количката, помладо момче и го грабнал паричникот од чантата и почнал да бега.
Очајна жена викала помош. Знаела дека во паричникот има 250 евра, единствените пари со кои располага.
Подоцна жената им кажала на соседите дека тешко ќе врзе крај со крај.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, крадецот бил фатен и парите вратени. Пред тоа соседот го слушнал плачот на жртвата, излегол на терасата и го снимил бегството.
Впрочем, локалните медиуми објавија дека во овој дел од градот кражбите не се ретка појава.
Foto: Youtube printscreen/TexMex Traveler