Застрашувачка снимка го обиколи светот: Со дете во раце застана пред возот, патниците врескаат (ВИДЕО)

Застрашувачка снимка го прикажува моментот кога татко и неговиот син биле удрени од воз
На социјалните мрежи се шири страшна снимка од Русија на која се гледа моментот кога патнички воз удри во маж и дете на станицата во Воронеж.
Во вторник, 11 јули, на станицата Грјази-Воронеж воз удри во 42-годишен маж со двегодишно дете во рацете. Двете жртви се хоспитализирани во локална болница, како што соопшти прес-службата на Истражниот оддел за транспорт во Воронеж.
Снимката од инцидентот, снимена на надзорна камера, е објавена на социјалните мрежи.
Video - #TRAIN hits father and son in Central Russia.
— Michael Ashura (@MichaelAshura) July 12, 2023
* Warning Graphic Content *
Horrifying footage shows the moment a father and his son were struck by a train in #voronezh.
The two were hospitalized. pic.twitter.com/PknR5kLUJF
На видеото можете да видите како таткото со синот во раце ја минува пругата без да провери дали е безбедно да го стори тоа. Во последен момент го забележал возот и се вратил неколку чекори наназад, веројатно спасувајќи си го животот и на малиот.
После тоа возот удира во нив и ги соборува неколку метри од шините.
-Од страна на истражителот се спроведуваат сет мерки за утврдување на сите околности на настанот, извршена е истрага - соопштуваат од секторот за транспорт.
Според извори, жртвите живеат во Република Коми. Минувале кај станицата Грјази-Воронешки.