Застрашувачки зборови на Никола Тесла: Еве како ќе изгледа светот во иднина

Начинот на кој Никола Тесла ја гледаше иднината, малкумина можеа. Тој беше гениј и визионер.

Никола Тесла беше генијален пронаоѓач и научник кој направи револуција во светот на електричната енергија. Го нарекуваа сонувач, ги исмеваа неговите идеи, но времето стави сè на свое место.

Тој цврсто верувал дека смртта не постои, додека на светот гледал со сосема други очи, менувајќи ја реалноста со помош на свеста. Беше опседнат со одредени бројки, а многумина мислеа дека е фанатик.

Во април 1892 година пристигнал во Госпиќ, каде во тоа време живеела неговата тешко болна мајка, која починала во негово присуство на 16 април. Месец и пол подоцна, на покана на делегацијата на општина Белград и на Здружението на инженери, тој пристигнал во кратка посета на Белград, тоа било негова единствена посета на Кралството Србија.

А вака зборуваше за појавите и изгледот на Земјата за сто години:

- Во 2100 година развојот на животот ќе биде под целосна контрола на науката. Во минатото, според законот за борба за опстанок, понеповолните особини главно исчезнуваа. Новото чувство на сожалување на човекот се спротивставува на неумоливото дејство на природата. Резултатот ќе биде продолжување на зачувувањето на животот, но и развој на недоволно приспособени членови на човечкиот вид. Единствениот метод што би одговарал на нашето чувство за цивилизирано однесување е стерилизација и сузбивање на сексуалниот нагон кај неприлагодените индивидуи.

- Неколку европски земји и членки на САД ќе одлучат да ги стерилизираат криминалците и ментално нарушените лица. Тоа не е доволно. Научниците постојано притискаат да го отежнат воспоставувањето брачна заедница што е можно повеќе. Секој кој не е сигурен родител нема да смее да има потомство. За сто години од сега, за нормален човек ќе биде неприфатливо да се дружи со несоодветни како и со криминалците.

- Хигиената и физичката култура ќе бидат препознаени делови на образовниот систем и државниот апарат. Министерот за хигиена и физичка култура, во 2035 година, во владата на тогашниот претседател на САД, ќе биде поважен од министерот за одбрана – рече во една прилика Никола тесла и додаде:

- Загадувањето на нашите брегови, како што е сега околу Њујорк, ќе биде незамисливо за нашите деца и внуци, исто како што е незамисливо да живееме без водовод и канализација. Водоснабдувањето ќе биде строго контролирано, а само лудаци ќе користат вода која не е прочистена. Повеќе луѓе умираат или се разболуваат од загадена вода отколку од кафе, чај, тутун и други стимуланси. Јас лично се откажав од сите стимуланси. Исто така, практично не јадам месо.

Убеден сум дека за сто години кафето, чајот и тутунот нема да бидат толку примамливи. Алкохолот ќе продолжи да се користи бидејќи не е стимуланс, туку докажан еликсир на животот. Стимулансите нема да исчезнат под притисок, едноставно нема да биде модерно да се труе телото со штетни состојки. Природната храна, како што се млекото, медот, житарките ќе бидат основата на епикурејските вечери во врвните ресторани на 21 век. Ќе има доволно жито и житни производи за да се нахрани целиот свет, вклучувајќи ги и гладните милиони во Кина и Индија.

Нашата планета е премногу богата, а таму каде што нешто недостасува, лекот добиен од воздухот ќе го обнови ткивото на Земјата. Развив процес за оваа намена во 1900 година. Подоцна, по четиринаесет години, поради воените потреби, го усовршиле германските хемичари - рекол тогаш Тесла.


Фото: Youtube - screenshoot

Извор: стилкурир