Застрашувачко видео кое покажува како се шири коронавирусот во ресторан

(Си-Ен-Ен) Вирусно видео од Јапонија има за цел да покаже колку лесно можат да се шират бактерии и вируси во рестораните кога само едно лице е заразено.

Експериментот симулира атмосфера во ресторан. Го спроведе јавната радиодифузна организација НХК во соработка со здравствени експерти .

На видеото се прикажани 10 лица кои влегуваат во ресторанот, при што едно се издвојува како „заразено“ лице. Секој учесник оди   во бифе како што вообичаено би го сториле, не размислувајќи за потенцијална контаминација.

На крајот на видеото, учесниците се "фрлени" под црни светла кои осветлуваат каде се шири „инфекцијата“.

Супстанцата, што се користи за означување на микробите, може да се види на храна, прибор за јадење и плочки, па дури и на лицата на некои од учесниците.

Јапонија има 16.049 потврдени случаи на Ковид-19 и 678 смртни случаи. Повеќе од 4,3 милиони случаи на „Ковид-19“ се регистрирани ширум светот, вклучувајќи најмалку 297.000 смртни случаи.


Еве што кажуваат експертите

Додека овие видови на експерименти не се нови, Џон Николс, клинички професор по патологија на универзитетот Хонг Конг, рече дека тие демонстрираат колку брзо може да се шири вирус, особено кога не се врши миење на рацете.

„Она што видеото го демонстрираше, е дека ќе се прошири на површините и на луѓето многу ефикасно“, изјави Николс за Си-Ен-Ен, „и мислам дека навистина ја истакнува потребата од она што луѓето го кажаа за хигиената на рацете за да се запре ширењето на болести“. 

Сепак, Николс рече дека ситуацијата е „вештачка“ затоа што толку голем акцент е ставен само на допирањето.

Кентаро Ивата, специјалист за заразни болести на универзитетот Коби, се согласи.

„Експериментот само ја опиша можноста за ширење преку контакт и тоа не е доказ за тоа што се случи, па затоа треба јасно да се направи разлика помеѓу она што може да се случи и што се случило“, изјави Ивата за Си-Ен-Ен.

Но, и двајцата експерти велат дека експериментот е добар начин да се покаже важноста на миењето раце.

За доброто на науката, Николс рече дека би било уште поефективно да се види експериментот направен откако „заразената“ личност ги мие рацете за пет, а потоа десет секунди.

„Значи, пошироката јавност добива одреден концепт за механизмот за тоа колку употребата на миење на рацете всушност може да го намали преносот на потенцијално заразен материјал“, рече Николс.