ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО: Тригодишно девојче летна во воздухот закачена на змај

Тригодишно девојче на фестивал на змаеви во градот Хсинчу, Тајван ја потресе светската јавност.

На засташувачкото видео кое е снимено од публиката се гледа како неколку лица подготвуваат голем змај, но поради силниот ветер леталото нагло се качува во воздух и со своите конци повлекло и тригодишно девојче.

Девојчето неколку секунди висеше на опашката на леталото, по намалувањето на ветерот девојчето беше фатено од публиката и истото поминало само со неколку гребнатинки, пишуваат локалните власти, а пренесе Би-Би-Ес.


Градоначалникот на Хсинчу преку социјалната мрежа фејсбук се извини за инцидентот и истакна дека градските власти ќе се погрижат вакво нешто во иднина повеќе да не се случува.


Видео: Mr. Help Vlog

Можеби ќе ве интересира:

Ова мора да се види: Буквално ги проголта земјата за една секунда