Затворската казна се намалува со читање, прва земја која забрани солариуми: 20 „обични“ и необични факти за Бразил
Има многу интересни информации за најголемата и најнаселена земја во Јужна Америка. Избравме 20 ... Запознајте го Бразил!
1. Бројни племенски народи ја населувале областа на Бразил пред доаѓањето на истражувачот Педро Алварез Кабрал во 1500 година, кој оваа територија ја прогласил за дел од Португалија.
2. Зборот „Бразил“ доаѓа од латинското име за дрвото caesalpinia echinata, кое некогаш било распространето по бразилскиот брег. На португалски, ова дрво се нарекува pau-brasil, каде што зборот brasil значи црвено како жар.
3. Дури 47,3 отсто од целиот јужноамерикански континент е окупиран од Бразил!
4. Бразил е федерација составена од 26 држави и Федералниот округ на главниот град на Бразил.
5. Официјален јазик во Бразил е португалскиот.
6. Арата е национална птица на Бразил.
7. Територијата на Бразил се протега на дури три временски зони.
8. Бразил е дом на 25 отсто од тропските шуми во светот.
9. Најчестото презиме во Бразил е Силва.
10. Според извештајот од 2007 година, во Бразил има најмалку 70 племиња кои никогаш не стапиле во контакт со цивилизацијата.
11. Најпопуларен спорт е фудбалот, а во Бразил се регистрирани повеќе од 20.000 фудбалски клубови. Секој бразилски град има барем еден фудбалски стадион. Бразил пет пати го освојуваше Светското првенство, што го прави најуспешен на тој настан.
12. Операциите за промена на полот се бесплатни и финансирани од Бразилскиот јавно здравствен систем.
13. Можете да ја намалите затворската казна во Бразил со читање. Имено, затворениците можат да ја намалат затворската казна за четири дена за секоја прочитана книга.
14. Бразил е првата земја во светот која ги забрани солариумите.
15. Рио де Жанеиро бил главен град на Португалија од 1808 до 1821 година, и тоа бил единствениот пат кога европска престолнина се наоѓала надвор од европскиот континент.
16. Бразил има најголема заедница на Јапонци надвор од неговата матична земја.
17. Гласањето на изборите во Бразил е задолжително и оние кои нема да гласаат може да бидат казнети.
18. Бразил има и остров до кој на луѓето им е забранет пристап бидејќи на секој метар ве чека отровна змија.
19. Во Рио се одржа најголемиот концерт на отворено досега. На него присуствуваа 4,2 милиони луѓе, а го изведе Род Стјуарт.
20. Мотото на оваа земја испишано на знамето е ordem e progresso што значи ред и напредок.
извор;nationalgeographic.rs