Здравко Чолиќ: Жена ми ги воспитува децата, јас сум поблаг

Регионалната музичка sвезда Здравко Чолиќ даде интервју за босанскиот „Аваз“, во кое зборуваше за пандемијата на коронавирус, но и за неговото семејство.

Тој вели дека овие тешки денови, кога нема работа, ги поминува во природа и дека се обидува да биде што е можно повеќе на чист воздух. 

“Мажот може да стори сé додека е здрав. Отсекогаш сум воден од позитивна енергија низ животот и тоа нема никаква врска со возраста или времето во кое живееме. Секогаш се трудам да најдам време за себе, да размислувам во тишина. Сакам да бидам во природа, да трчам или да шетам. Всушност, се обидувам да поминувам што повеќе време на свеж воздух секој ден. Долгите прошетки ме релаксираат. Добриот и исполнет живот се состои од семејни и пријателски дружења, патувања, настапи, на кои секогаш неизмерно се радувам, читам книги, гледам претстави, филмови ... Секако, создавањето нови песни е неизбежно. Колку што има желби, толку има и обврски“, рече тој за Аваз.

Чолиќ вели дека сопругата е посветена на децата, а тој е флексибилен.

„Сопругата Александра е таа што е посветена на воспитувањето на нашите деца, јас сум многу поблаг. Но, без оглед на тој факт, се обидувам воспитувањето да не трпи, како и традиционалните вредности врз кои се заснова моето семејство. Семејството е основната клетка на општеството, затоа мора да го негуваме. Иако живееме во проблематично и брзо време, на децата им треба внимание да прераснат во добри и квалитетни луѓе“, рече тој.

Тој објаснува дека кариерата ја градел без скандали, полека и сигурно.

„Воспитувањето што го носам од дома ме обликуваше, не направив скандали, полека и сигурно градев кариера. И верувам дека моето главно оружје е позитивната енергија што се обидувам да ја пренесам со мојот глас и со својот израз. Секако, без работа и посветеност нема успех, а публиката знае тоа многу добро да го процени и почувствува, па дури и да го награди “, рече Чолиќ за споменатите медиуми.

извор:nova.rs