"Земам по една пилула на ден од лекот против коронавирус": Трамп ги изненади сите
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека зема хидроксихлорохин, лек од маларија, и покрај предупредувањата за неговата употреба, како превентива против инфекција со коронавирус.
„Јас го земам тоа недела и половина. Една пилула на ден“, им рече Трамп на новинарите.
Американскиот претседател го објави ова со давање изјави за новинарите за време на состанокот со претставници на угостителската индустрија со кои разговараше за ефектите на коронавирусот.
Пред неколку недели, Трамп ја промовираше го промовираше овој лек како потенцијален лек за коронавирус, но студиите што од тогаш се направени, покажаа дека не помага во лекувањето на инфекцијата „Ковид-19“.
Трамп (73), кој секојдневно се тестира за коронавирус, изјави дека прашал лекар од Белата куќа дали е добро да се земе лекот, а тој одговорил: „Ако сакате“.
Ова откритие се случи во исто време со објавувањето на американската лабораторија Moderna Inc дека остварила напредок во пронаоѓање на можна вакцина за коронавирус. Единствениот лек досега кој се смета за потенцијален лек за инфекцијата е ремедивир, лек резервиран само за болнички пациенти.
Непосредно по објавувањето на Трамп, телевизискиот канал Фокс њуз го интервјуираше д-р Боб Лахита, кој ги предупреди луѓето да не земаат хидроксихлорокин.
„Ние не утврдивме никаков ефект“, рече Лахита.