Земјотресот во Турција и Сирија: „Ве молам не одете, моите деца можеби се уште се живи“

Се зголемува бројот на загинати во разорниот земјотрес во Турција и Сирија, а СЗО проценува дека дури 23 милиони турски жители се под ризик од можни последици.

Фунданур Озтурк, дописник на Би-Би-Си од Турција, го посети градот Искендрун во провинцијата Хатај, еден од најтешко погодените од разорниот земјотрес и разговараше со жителите, од кои многумина останаа без најблиските и без покрив над главата.

Кога во раните утрински часови стигнавме во населбата Нимине во Искендрун, видовме групи луѓе како палат оган на урнатините од зградите.

Тивкото крцкање на огнот се прекинува со извици до Арзу Дедоглу: „Доцните, доцните!“.

До нив стои млада мајка, чии две ќерки останале под урнатините, која ги моли спасувачите да не го напуштаат местото каде се урна зградата.

„Те молам, не оди, моите деца можеби се уште се живи“, извика Арзу.

Спасувачите ја убедиле да не си оди, туку да чека специјално обучени кучиња.

Арзу Дедеоглу, тетката на децата, вели дека донеле сопствена импровизирана опрема за да ги извлечат од урнатините, пред да пристигнат спасувачите кои не им дозволиле да ја користат.

„Чекавме до вечерта, но никој не дојде, со сопствени средства донесовме кран, но спасувачите не сакаа да го искористат.

„Таму има две деца, тие се деца на сестра ми, едното се вика Ајшегул, а другото Илаида.

„Што ако спасувачите дојдоа порано? Ние го обезбедивме генераторот со нашите пари.

„Се обидовме, но кога станот се затресе од последователните потреси, побегнавме. Дотогаш беше светло со децата. Зошто не дојдоа порано?“, праша Дедеоглу.

„Зошто не дојдовте вчера?

Неколку метри подалеку поголема група луѓе стои во близина на урнатините на друга зграда.

Голем дел од нив наведуваат дека ниту еден од спасувачите не пристигнал на местото на земјотресот 24 часа по трагедијата.

Се појавува уште една екипа спасувачи кои се обидуваат да извлечат луѓе од под урнатините.

Од толпата една жена вика:

„Зошто не дојдовте вчера, кога сè уште се јавуваа под урнатините“.

И додека жителите на Искендрун велат дека цел ден чекале помош, велат дека утрото престанало да се слуша плачот на луѓето затрупани под срушените загради.

Друга жена низ солзи вели: „Ќе ги спасевте да дојдевте вчера“.

„Тие што нè напуштаат да не доаѓаат да бараат гласови“

Но, Ондер се согласи да зборува пред камера и е полн со горчина.

„Осум членови од моето семејство се под урнатините. Никој не дојде ниту од спасувачи, ниту од претставници на државата. Не дозволувајте тие што не оставаат вака да дојдат и да бараат гласови од нас“, рече Ондер.

„Од синоќа не дојде ниту еден пожарникар. Ако луѓето таму долу не загинаа од земјотресот, тогаш загинаа од чадот“, додава Ондер.

Тој вели дека поминал два и пол часа под урнатините и ја скршил раката.

„Сами ние спасивме 10 луѓе од зграда со 15 стана.

„Копавме со раце, кога во еден момент се појавија спасувачите и не прашаа дали имаме железни ножици и дупчалки?

„Им одговорив: „Зошто тогаш воопшто дојдовте ако немате опрема?

Наместо да ни ги залечат раните, тие ни ги полија со сол“.

Се гледа дека пожарот што избувна во пристаништето Искендерун бил голем, а градот делува пуст.

Единствените знаци на живот ги видов во близина на огновите запалени покрај урнатините.

Извор: BBC News на српски