Жените масовно се тријат од скулптурата, ќе се шокирате зошто!

Иако Лувр и Ајфеловата кула се на врвот на листата на секој турист кој патува во Париз, една од изненадувачките атракции на градот се париските гробишта, особено Пере-Лашез, пишува Јутарњи.хр.

Последното почивалиште на важни личности, како Оскар Вајлд, Џим Морисон и Шопен, е место кое секоја година го посетуваат околу три милиони луѓе.

Меѓутоа, меѓу познатите споменици, се издвојува гробот што добил култен статус и покрај тоа што неговиот сопственик живеел прилично обичен живот. Станува збор за Виктор Ноар, новинар кој до својата смрт во 1870 година работел за францускиот весник Ла Марсеј, а кога починал имал само 22 години.

И покрај прилично обичната кариера, Ноар на крајот бил убиен од принцот Пјер Бонапарта, братучед на Наполеон III, кој владеел во тоа време. Имено, принцот бил навреден од ставовите на Ла Марсеј за неговото семејство и го предизвикал уредникот на дуел.

A post shared by Jenny Woo Oi (@jennywoooi)


Ноар бил испратен да го договори времето и местото на конфликтот, но потоа избила тепачка и Бонапарта го убил Ноар со истрел од огнено оружје. Бонапарта се соочи со бес на јавноста поради неговата смрт, особено затоа што на крајот беше ослободен од обвинението за убиство.

Тоа дури доведе до серија насилни демонстрации, а Виктор Ноар стана револуционерен симбол, а на неговиот погреб присуствуваа повеќе од 100 илјади луѓе.

Но, тоа не е главната причина зошто овој обичен човек и денес добива бројни букети и венци цвеќе на својот гроб.

Честопати нарекуван како „најсекси гробницата на гробиштата“, гробот на Виктор Ноар се состои од скулптура на маж во природна големина од Жил Далу.

Фигурата лежи рамно на грб, со отворено палто и шапка легната настрана, до ногата. Од непознати причини, Далоу направи многу забележлива испакнатост под појасот на скулптурата, а тоа предизвика создавање на бизарен мит кој на крајот го направи гробот на Виктор Ноар симбол на плодноста и сексуалната среќа.


Имено, се верува дека ако жената ги бакне усните на статуата на Виктор Ноар, ја трие испакнатоста на неговите панталони и му фрли цвет во капата, тоа ќе и донесе зголемена плодност и блажен сексуален живот. Но, некои жени, додуша, одат подалеку од само бакнување и триење, пренесува британски Мирор.

Како работите станаа уште пожешки? Па, ако сакате да најдете љубовник, легендата вели дека треба да го бакнете Ноар во уста. Ако сакате да забремените, треба да му го истриете десниот чевел, а ако сакате да имате близнаци - тогаш истријте го левиот. Очигледно после тоа бебињата пристигнуваат многу брзо, а немажените девојки успеваат да најдат сопрузи во рок од една година!

Со оглед на тоа колку веќе е „истрошено“ лицето на скулптурата и испакнатоста на панталоните, скулптурата се чини дека е жив доказ дека некои луѓе многу сериозно го сфатиле овој мит... Усните, препоните и чевлите на Виктор Ноар блескаат токму така, додека остатокот од неговото тело има вообичаен зеленикав тон.


Иако околу скулптурата во 2004 година беше поставена ограда и предупредувачки знак на кој пишуваше: „Секоја штета предизвикана од графити или непристојно триење ќе биде казнено процесуирана“, жените брзо ја урнаа, пишува Јутарњи.хр.