Живее во град со најнизок данок во Европа: Палатата на Роџер Федерер

Роџер Федерер е човек кој сака луксуз, човек кој е навикнат на совршенство во тенисот и целосна организација во се што прави.

Ова е случај и кога станува збор за приватниот живот. Сè е пресметано и планирано детално. Вкупното богатство му се проценува на 600 милиони евра.

Малиот град Волро има најнизок данок во Европа, поради што многу мултимилионери низ Стариот континент решиле да живеат таму.

Има население од 7.225, и секако најпознатото име во градот е Роџер Федерер.

Неговата куќа се издвојува особено, а изградена е кон крајот на 2014 година. Куќата има повеќе од 500 квадратни метри, соби за Мирка и нивните деца - девојките Мила и Шарлин, како и момчињата Лео и Лени. 

Во едно интервју тој вели дека ова ова е неговото „тајно“ место.

Куќата е изградена на парцела од 1,5 акри и има подземен паркинг, додека надворешните sидови се „закопани во земја“, и ова претставува посебен архитектонски потфат.

Градот во кој сега живее Федерер е на 20-минутно возење од Цирих и еден час од родниот град на Роџер, Базел, но заради големите даночни олеснувања, не беше проблем Федерер да го избере ова место за живот.

Покрај Федерер, во овој град живеат и возачите на Формула 1 Кими Раиконен и Фелипе Маса.